Услови за учество

 

1. Во трката секој учесник учествува на лична одговорност, а организаторот е целосно ослободен и нема да се смета за одговорен (кривично, материјално, итн.) за последиците од ризиците кои секој учесник ги презема со учеството во трката.

2. Секој учесник потврдува дека е соодветно подготвен (физички и психички) да учествува во трката. Дека ги почитува соодветните медицински протоколи и контроли кои гарантираат дека има добро здравје, дека не страда од било каква болест, алергија, физички недостаток, повреда или кардио-респираторно нарушување кои би биле пречка за учество на настанот

3. Секој учесник потврдува дека е целосно запознаен и ги прифаќа правилата и прописите на организаторот на трката, ќе ги следи и ќе се придржув до истите, пред, за време и по завршување трката.

4. Секој учесник потврдува дека ќе се придржува и ќе ги почитува правилата на ферплејот и спортското однесување.

5. За секое прекршување на горенаведенито се согласува да биде казнет или дисквалификуван од трката.

6. Секој учесник се согласува на организаторот да му дозволи да ги користи за промотивни цели фотографиите и видеата креирани за време на овој настан.

Buy now